„Боки 13“ се сомничи за противзаконито влијание „тешко“ осум милиони евра

1581

За истото кривично дело се сомничи и лицето Зоран Милески, но Бојан Јовановски се товари и за перење пари и други приноси од казнено дело

 

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги осомничи уапсените Бојан Јовановски викан „Боки 13“ и Зоран Милески викан „Зоки Кичеец“ за примање награда од противзаконито влијание, односно дека од познат бизнисмен се обидувале да изнудат осум милиони евра. За оваа вртоглава сума тие требале на бизнисменот да му „помогнат“ во една постапка, а за што било употребено и влијание на еден јавен обвинител чиј што идентетет на денешната прес-конференција не го соопшти ниту Јавниот обвинител на СРМ, Љубомир Јовески, ниту шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
„Првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата, а второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага и коешто во оваа истрага е сведок. На овие средби, од сведокот, биле побарани 8 милиони евра за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите“, рече обвинителката Русковска, која потврди дека се започнало уште во октомври минатата, а траело до април оваа година. 
Ваушност, осумте милиони евра требало да бидат исплатени за да се запре кривична истрага за сегашниот сведок, но доколку не се успее во намерата тогаш требало да се примат пет милиони, со тоа што првиот милион бил даден во готово, а преостанатите четири требало да се исплатат на рати. До крајна исплата никогаш не дошло, бидејќи инволвираните се посомневале во тајноста на средбите, но веќе примените пари „Боки 13“ ги пуштил во оптек со што сторил уште едно кривично дело: перење пари и други приноси од казниво дело.
Обвинителот Јовески ги охрабри сите оние кои имаат да пријават нешто што се однесува на овој или евентуално на некој сличен случај, а Рускоска потенцираше дека нејзиното обвинителство до кривичниот суд ќе поднесе и барање за изрекување мерка притвор за двајцата осомничени.
(Љ.С.)

Спонзорирано