ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ „БОКИ 13“

1291

Бојан Јовановски, во јавноста познат како „Боки 13“, денеска бил задржан на граничниот премин Богородица, а потоа бил спроведен во полициска станица. Причините поради кои е приведен „Боки 13“ можат да се насетат, бидејќи за него со денови наназад се пишува дека се занимава со незаконски работи.
Како што е познато Бојан Јовановски е менаџер во „1 ТВ“, каде како сопственик се јавува неговиот татко, но тој самиот се претставува како газда на спомената телевизија.
Пред нешто повеќе од една година Јовановски, на скопскиот аеродром, од Царината беше посочен како лице кое се обидело да шверцува брендирани чанти, но тој случај остана нерасветлен.
Според првичните и неофицијални информации, во ресторанот „Воденица“ бил приведен е и бизнисменот Зоран Милески викан Зоки Кичеец, но за двете апсења Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на прес конференција, во 16.30 ќасот, ќе излезе со конкретни информации. Според најавите за овој случај ќе зборуваат Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска.
Бојан Јовановски е менаџер во 1 тв каде како сопственик се јавува неговиот татко.

Спонзорирано