ПРИТВОР ЗА „БОКИ 13′ И ЗА ЗОРАН МИЛЕСКИ

    2762

    Судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и пред малку му изрече мерка притвор во траење од 30 дена на Бојан Јовановски, познат како „Боки 13“.
    Иста мерка, претходно, судот му изрече и на второосомничениот Зоран Милески викан Зоки Кичеец. Двајцата сега веќе притворени се сомничат дека сториле кривично дело: примање награда за противзаконито влијание, според член 359 став 7 а во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, а Јовановски се товаеи и за кривично дело: перење пари и други приноси од казниво дело, според чл.273 став 1 од Кривичниот законик.
    Двајцата осомничени, според обвинителството, се помош на јавен обвинител, се обидела од друго, осомничено лице да изнудат осум милиони евра, но успеале да земат 1,5 милиони евра.
    Инаку, вечерва полицијата изврши претреси на повеќе локации, меѓу кои домот и канцеларијата на Јовановски во „1ТВ’“, а од обвинителката Катица Јанева бил одземен мобилен телефон.

    Спонзорирано