Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен за едно лице за кривично дело убиство, при вршење семејно насилство.
Сега обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која живеел во вонбрачна заедница.
„На трети август 2019 година, во куќа на улицата ‘Гарибалди’, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет, на жената и нанел две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди -скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала„, се вели во соопштеноето на Јавното обвинителство од каде и потврда дека е побаранмо продолжување на веќе изречена мерка притвор.
Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство
Спонзорирано