Извршители во „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ

1167

Судски извршители денеска влегле во „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, но од опозициската партија не ја коментираат „посетата“ која доаѓа токму на денот кога им се суди на повеќе лица за нелегално финасирање.
За извршителите денеска се огласи веладечкиот СДСМ од каде коментар дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности. Од партијата велат дека: „извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки, со мотиви на поранешното раководство на партијата, кое го држеше народот во сиромаштија за време на 11-годишниот режим!“
СДСМ цени дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да менаџира со парите и да си ги плати долговите.
Инаку, на барање на Обвинителствто, кривичниот суд стави под хипотека безмалку 70 објекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги упила во деценијата на владењее, но е непознато од каде толку пари што, едно време оваа парија ја направи најбогата во Европа.

Спонзорирано