По признание на вина екс-функционер на УБК осуден на три години затвор

2204

Поранешниот главен оперативен работник во Управата за државна безбедност и контраразузнавање, Петре Пешовски, денеска, како што пренесува порталот „А1.Он, е осуден на казна затвор во времетраење од три години, а од судот е задолжен да надомести и штета од 39,470 милиони денари. Нему, со одлука на судот му е продолжена мерката притвор се до правосилност на пресудата.
Пресудата за Пешовски доаѓа само кратко време по искажаниор воведен збор на обвинителката Ивана Трајчева која обвини за незаконско трошење на државни пари и за уништување на евиденцијата, односно за потрошени 820.000 евра.
Пешевски ги прифати обвинувањата и прифати вина за она за што се товари и токму поради тоа нему, во издвоена судска постапка, му беше изречена затворската казна. Тој пред судот призна дека е виновен, но дека тоа што го направил уследило откако претходно му било наложено да го стори.
За разлика од Пешовски, обвинетиот Тони Јакимовски, шеф на поранешниот директор на УБК, не прифати вина за стореното. Освен Јакимовски за злоупотреба на спецкасата на УБК обвинети се и Стево Маџовски и Кристина Јосифовска. Имено, според обвинението, овие четворица, во периодот од 2017 до 2917 година, ја злоупотребиле спецкасата дури 172 пати, односно незаконаки подигнале и потрошиле 820.000 евра.

( Фото: А1,Он)

Спонзорирано