Парични казни за две лица од Валандово за ​непостапување според прописи за време на пандемија​

    524

    До судот во Гевгелија денеска е доставен предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело: непостапување според прописите за време на пандемија. Обвинителството бара двете лица да се огласат за виновни и да им се изречат парични казни во висина од по 100 дневни глоби или 123.000 денари.
    Овие, сега обвинети лица, во петокот, со авионски лет, допатувале од Германија на скопскиот аеродром. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација, во траење од 14 дена, тие не постапиле согласно одлуката на Владата на РСМ за спречување на внесување и ширење на корона вирус. Тие од петокот до вчера имале контакти со повеќе лица, а биле и во Отсекот за управни работи во Валандово.

    Спонзорирано