Битолчанка имала тајна љубовна врска, а потоа го уценувала партнерот за пари

    1401

    Битолчанка, на возраст од 34 години, е обвинета дека за пари го ученувала својот љубовник. Од битолското обвинителството потврдуваат дека сега обвинетата, од 15 јануари до 11. овој месец, а со цел да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати, му се јавувала на лицето со кое била во љубовна врска и од него барала пари. Таа го уценувала дека доколку не ги добие парите што ги бара ќе испрати негови компромитирачки фотографии на неговото семејство и дека ќе ги објави на социјалните мрежи, а се со цел да ги наруши неговите чест и углед. На10. овој месец обвинетата го контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp и притоа побарала, следниот ден, во 14 часот, во еден скопски хотел, да и донесе 1.200 евра, а од побараните 13.000 евра да и ги исплати дополнително.
    „По преземање на оперативно технички мерки и претходна крим-техничка обработка на паричните средства, обвинетата беше лишена од слобода во моментот кога бараните средства ги зеде од оштетениот“, велат од обвинителството и притоа појаснуваат дека за неа е побарано да и се продолжи мерката куќен притвор.

    Спонзорирано