Основното јавно обвинителство во Гостивар до тамошниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог за управител на угостителски објект заради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Обвинетиот, во понеделникот, послужувал храна на гостин, седнат на маса во внатрешноста на неговиот локал, притоа не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест COVID 19.
Спонзорирано