Раководител на Одделението за урбанизам во општината Маврово-Ростуше е обвинет за лоупотреба на службена положба и овластување, односно за предизвикана штета на државниот буџет за 1.248.450 денари.
Имено, сега овинетиот ги пречекорил своите службени овластувања кога на втори октомври 2014 година, а по негово поднесено барање, завел предмет кој не постоел во архивата на Општината, а потоа изготвил извод од план за населбата Маврови Анови, со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата. Изводот од планот за три катастарски парцели во Никифорово, со површина од 203 метри квадратни, го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок, по основ на поранешна сопственост. По поднесеното барање, врз основа на лажните документи, парцелите биле впишани на име на обвинетиот, со што била оштетена државата за 1.248.450 денари или 20.000 евра, а друго оштетено лице на кое парцелите му следувале согласно вистинскиот урбанистички план, било оневозможено да ги приватизира.
ОВВИНЕНИЕ ЗА РАКОВОДИТЕЛ НА ОПШТИНА МАВРОВО-РОСТУШЕ
Спонзорирано