ОТВОРЕНА КРИВИЧНА ИСТРАГА ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ОШТЕТИ 18 ВОЗИЛА

706

Скопското јавно обвинителство и формално започна постапка за лицето кое вчера запали 18 возила во центарот на Скопје. Како што информираат од Обвинителство за него веќе е донесена наредба за отпочнување на истрага за сторено кривично дело: тешки дела против општата сигурност, од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Како што е веќе познато сега осомничениот, на возраст од 48 години, во алкохолизирана состојба, во катната гаража спроти Трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, со хебла и брава од врата оштетил 18 паркирани моторни возила.
„Со оглед на тоа што се утврди дека осомничениот со своите дејства причинил материјална штета од поголем обем чиј вкупен износ се проценува на најмалку 208.000 денари, јавниот обвинител оцени дека е исполнет елементот на наведеното кривично дело кое се гони по службена должност и за кое е предвидена казна затвор од една до десет години“ велат од Обвинителството и потврдуваат дека тие за него, од Судија на претходна постапка побарале да биде притворен, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или, пак, да го повтори делото.​

(Фото:Вечер прес)

Спонзорирано