ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ЗАПОЧНА СО ИЗДРЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

1206

Според пишувањата на некои медими Владмир Панчевски денеска самиот се пријавил во затворот „Скопје“ на издржување на затворската казна во траење од две и пол години заради сторена злоупотреба на службената положба и овластвување.
Заминувањето на Панчевски во затвор е само логичен след на настаните, бидејќи нему, пред само десетина дена, Врховниот суд на Република Северна Македонија му ги отфрли сите приговори, односно неговото барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Одбивањето на приговорите уследи по пресудата којашто минатиот месец ја донесе скопска Апелација, а со која само се потврди одлуката на Основниот суд во Велес со која Панчевски беше осуден на 2,6 години затвор.
Како што е познато Панчевски е осуден поради злоупотреба на системот за електронско определување на судии кои треба да работат судски предмети. Имено, тој беше обвинет дека во перидот додека „шефуваше“ со скопскиот кривичен суд, односно од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, надвор од системот АКМИС системо, распоредувал предмети по судии според сопствена волја. Панчевски, со потпис, предметите им ги делел на оние судии коишто тој ќе ги одредел. Обвинителството докажа дека тој „на рака“ поделил 45 судски предмети.
Како што веќе пишувавме Владимир Панчевски најнапред беше осуден на казна затвор во траење од три години и шест месеци, но скопска Апелација казната му ја намали за една година. Тој беше во затвор не цели две седмици, но поради вложен приговор до Врховиот суд беше ослободен. Панчевски ценел дека во неговиот случај не била испочитувана на Европската конвенција, а неговото барање беше прифатено од Врховниот суд на РСМ по што целата постапка започна од почеток.

(Љ.С.)

Спонзорирано