СКАНДАЛОТ СО УБИЕНИТЕ КОЊИ ВО РАЦЕТЕ НА СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКИТЕ ОРГАНИ?!

538

Станува се’ поизвесно дека скандалот со начинот на кој биле хранети животните во скопската Зоолошка градина нема да заврши само со разрешување на в.д. директорот Кристијан Стаменов.
Имено, според неофицијалните најави, случајот ќе го преземат судско-обвинителските органи, а во насока н ваквите сомневања оди и информацијата којашто вчера ја пласираше министерството за внатрешни работи, а според која Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи -Карпош од слобода лишија пет лица. Станува збор за лицат Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), сите вработени во Зоолошката градина во Скопје, како и лицето З.Р.(44), кој бил надворешен соработник.
Истрагата која ќе следи ќе треба да утврди дали десетината убиени коњи и мазги биле добиени од Агенцијата за управување со одземен имот, дотолк,у повеќе што директорот на спомената агенција, Фатон Асани, јавно ги негираше ваквите тврдења, а ќе треба да се утврди и тоа дали навистина постоела потреба од убивање на коњи и мазги со оглед на тоа што Зоолошката градина имала реализиран тендер за купување на месо за животните, проценет на повеќе од 70.000 евра.

Спонзорирано