ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА ДЕСЕТМИНА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

585

Јавното обвинителство, по полициската акција којашто беше беше реализирана на неколку локации во Скопје и во која од слобода беа лишени 10 лица, отвори кривична постапка за приведените за сторено кривично дело: недозволено производство и пуштање во промет на опоји дроги. Како што информираат од Обвинителството станува збор за меѓународна криминална група во која освен македонски имало ја сочинувале и албански и косовски државјани. Запленетата марихуана доаѓала од Албанија, преку Косово, во Македонија, а оттука требало да биде транспортирана во Турција.
„Имено, во ноќните часови, на локалниот пат кон село Сопиште, од возила на полициски службеници се запрени две возила. При извршениот преглед во багажникот на едно од возилата е пронајдена вреќа со спакувани 27 пакувања марихуана, додека другото возило имало задача да известува за присуство на полициски патроли, односно имало улога на ‘чистач’. Двете лица се лишени од слобода, а наркотичната дрога е одземена. Во исто време, на крстосница кај Трговскиот центар, од полициски службеници се лишени од слобода три лица кои се превезувале со патничко возило, меѓу кои еден албански државјанин, а едно лице е лишено од слобода во населбата Ѓорче Петров. Воедно на излез на граничен премин ‘Долно Блаце’, од страна на граничната полиција од слобода е лишен косовски државјанин при обид да побегне од државата. При извршен претрес на две локации во село Патишка Река се пронајдени 26 пакувања марихуана, а од слобода се лишени две лица за кои биле распишани централни потерници“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство, а со кое се потврдува дека претреси биле извршени и на други локации во Скопје, како и во село Никиштани. Според проценките вредноста на запленетата дрога е над 200.000 евра.
За овој случај со свое видување излезе и Министерството за внатрењши работи од каде информираа дека кај Сопиште биле запрени две патнички возила, и тоа „рено флуенс“, управувано од С.Ф.(36) и „фолксваген венто“, управувано од Б.Ф.(30), двајцата од с.Никиштане. Во исто време, на крстосницата кај трговски центар, на подрачјето на Бит Пазар, од Интервентна полиција биле лишени од слобода М.Л.(49) од Ѓирокастро, Албанија, Љ.Н.(59) од Скопје и И.Е.(41) од Тетово, кои се превезувале со патничко возило „пунто“, а во населбата Ѓорче Петров, од слобода бил лишен А.П.(57), од скопското село Грчец. Полициски службеници од тимот за Потраги, заедно со Единицата за брзо распоредување биле извршени претреси на две локации во Патишка Река и притоа, од слобода биле лишени М.А.(19) од споменатото село и К.К.(31) од Скопје. На излез, на граничниот премин Долно Блаце, граничната полиција го лишила од слобода косовскиот државјанин Ф.Т.(32). Апсењето било реализирано при обид да побегне од државата.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција освен што ќе иницира кривична истрага за десеттемина приведени од кривичниот суд во Скопје ќе побара и нивно притворање.

Спонзорирано