Ослободителни пресуди за петмина обвинети во „Шпион“

4683

Пресудата на скопскиот кривичен суд со која обвинетите Миќо Насковски, Марјан Маџовски, Горан Стојков, Ѓорги Хаџимицев и Цветан Дамјановски, со која тие се ослободуваат од вина за делата за кои се товарат, денеска беше дочекана со аплауз.
Со оваа, првостепена, пресуда се затвора предметот наречен „Шпион“ кој датира уште од септември 2013 година кога една поголема група граѓани беа обвинети за шпионажа во корист на неколку држави од непосредното соседство, но и за злосторничко здружување, за уцени и измами и за незаконско поседување на оружје. За волја на вистината, последен кој ќе чека на одлука за овој предмет е уште обвинетиот Зоран Божиновски за кого, многу порано, беше донесено решение да му се суди во издвоена судска постапка, а во издоена постапка му се суди и ба разузнавачот Марјан Ефремов.
Со пресудата којашто истиот суд ја донесе на шести октомври 2014 година обвинетиот Миќо Насковски беше огласен за виновен и вбеше осуден на казна затвор во траење од четири години, Горан Хаџимицев на една, Маријан Маџовски, тогаешн шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вењаноски, беше осуден на 1,6 години, додека Цветан Дамјановски беше осуден на 6,6 години затвор.
Со истата пресуда, за сторени кривични дела: недозволено поседување огнено оружје, изнуда и послужување во службата, полицискиот генерал Горан стојков беше осуден на единствена затворска казна во траење од девет години. Генералот беше единствениот кој бурно реагираше на изречената казна. Тој залудно се обидуваше да појасни дека за истото оружје за коешто нему судот му изрече казна затвор во траење од пет години, веќе му се судело на друго лице и дека тој предмет е завршен.
Со пресудата од пред повеќе од седум години на 17-темина обвинети судот им изрече затворски казни во вкупно времетраење од 73 години. На највисока затворка казна, во траење од 15 години, судот го осуди првообвинетиот Марјан Ефремов. Нему, за шест кривични дела за кои се товареше му беа изрекувани поединечни затворски казни кои заедно надминуваат 16 години затвор, но со примена на законот тој беше осуден на единствена, максимална казна од 15 години.