Очув обвинет за тепање на едногодишно дете

    1987

    Основното јавно обвинителство – Скопје до кривичниот суд поднесе обвинение за 34-годишен скопјанец за кривично дело: запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
    Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23. минатиот месец, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Очувот, додека бил сам во домот со детето, но и кога го превезувал во возило го удирал бебето со тупаници по главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи.
    Јавен обвинител до судот поднел предлог за продолжување на мерката притвор за сега обвинетиот, откако проценил дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка.

    Спонзорирано