Ограбиле гостиварец, преправајќи се дека се просјаци

410

Основното јавно обвинителство – Гостивар почна постапка против двајца скопјани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Осомничените на 26 февруари, на улица во Гостивар, пресретнале лице кое кај себе во тој момент имало 1.200 евра и 6.500 денари.  Притоа му пристапиле како просјаци и од него побарале пари. Оштетениот извадил пари за да им даде, по што тие на дрзок начин му ги одзеле сите пари што тој ги имал кај себе и побегнале. Подоцна биле откриени и фатени, а парите му се вратени на оштетениот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил и предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.

Спонзорирано