Од скопјанец запленети 99 грама хероин

    391

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје издал наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
    Имено, во вторникот, во неговиот дом, на улица „Јајце“, во Скопје, осомничениот заради натамошна препродажба поседувал хероин со тежина од 99,15 грама. При претрес на неговиот дом освен дрогата била пронајдена и дигитална вага.

    Спонзорирано