Од поранешниот кавадаречки градоначалник запленети повеќе од 1.000 монети со археолошка вредност

1733

Повеќе од 1.000 монети, со голема археолошка вредност биле пронајдени денеска при претрес на домот на поранешниот градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
Полицијата засега не соопштува детали поврзани со претресот на домот на Панов, како и за неговото приведување. Медиумите шпекулираат дека монетите потекнуваат од различни историски периоди и дека биле обезбедени од повеќе археолошки локалитети во државава.
Судот во Кавадарци, во август 2017. година, го осуди Панов на затворска казна во траење од два месеца за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, а согласно пресудата нему му беше изречена и парична казна од 25.000 денари за изборен поткуп, во време на кампањата на парламентарните избори во 2016 година, кога нудел поткуп од по 1.000 денари за глас во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Апелациониот суд во Скопје, во мај следната година, ја укина првостепената пресуда, односно предметот го врати на повторно разгледување во Основниот суд во Кавадарци.

Спонзорирано