За скопјанец, од кого полицијата заплени безмалку 300 грама марихуана и уште половина килограм амфетамин Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична иострага за дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Како што веќе пишувавме, при претрес на дом, на улицата „Охридска“, во којшто престојувал сега осомничениот, инаку на возраст од 36 години и секако без идентитет, полицијата пронашла 276,43 грама марихуана и 486,06 грама амфетамин. Во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „Тесла“, психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

Спонзорирано