ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ВО „ТРЕЗОР“ ПОБАРА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ

1436

Во завршен збор, јавните обвинители Трајче Пеливанов и Атан Ајро, освен затвор за обвинетите Сашо Мијалков, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, пообараа од судот да ги задолжи да ја надоместат причинетата штета

Со завршен збор на обвинителите Трајче Пеливанов судскиот процес наречен „Трезор“, кој се однесува на набавка на опрема за прислушување, а во кој како обвинети се јавуваат поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, екс помошникот – министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, е дојден пред финиширање.
Според обвинителот Пеливанов, јавното обвинителство ги докажало обвинувањата за набавката извршена преку фирмата „Финзи“, односно дека обвинитите влоегле во преговори за набавка и покртај тоа што МВР се’ уште не побарало да се купи таква опрема, а за потребите на УБК.
Пеливанов, во завршен збор, потврди дека „Финзи“ била регистрирана во САД, дека нејзин прв управител бил братот на сега обвинетиот Стајковиќ, дека го наследил Коста Крпач и на крајот, Јордан (Орце) Камчев. Тој потести дека во фирмата пристигнувале средства од Кипар, но дека поради сомнителните трансаакции што ги вршел Камчев и работењето на „Финзи“ е дел од истрагата во мегапредметот наречен „Империја“.
Освен што побара судот да го огласи за виновни, јавниот обвинтел Артан Ајро побара тие да бидат задолжени да ја надоместат штетата предјавена и од Државното правобранителство, како и имотно правно барање во износ од разликата на конфискуваниот имот во висина од 10.819.000 денари со износот на прибавената имотна корист на „Финзи“, во висина од 47.990.000 милиони денари.
За петти следниот месец е предвидено завршен збор да даде одбрана и самите обвинети, а неколку дена подоцна ќе биде соопштена и првостепената пресуда.
Инаку, тројца обвинети се товарат сторена за злоупотреба на службената положба и овластувања, само Јакимовски за помагање.
Некаде кон ктајот на 2018 година, на главен претрес, Сашо Мијалков, Стајковиќ и Јаќимовски изјавбија дека не чувствуваат вина за набавката на опрема за прислушување.

Спонзорирано