ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ РАСПРАШАЛО СИТЕ КОИ СЕ ПОВРЗУВААТ СО СКАНДАЛОТ СО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД

972

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител за кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување од, а која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови.
„Во текот на досегашната предистражна постапка преземени се повеќе дејствија, а свој исказ пред надлежниот јавен обвинител дадоа претставник-генералниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставник-претседателот на Управниот одбор на ‘КБ Првото пензиско друштво’ и претставник на ‘САВА пензиското друштво’. Во насока на утврдување на фактите, претстои испитување на претставник од Министерството за финансии“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство од каде и потврда дека од Министерството за труд и социјална политика до нив, дополнително, биле доставени документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но не и бараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.
Јавниот обвинител ќе решава, доколку е неопходно, дали да се преземат и други дејствија во текот на предистражната постапка, но од досегашните проверки е утврдено е дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците во Република Северна Македонија.
На осми минатот месец, јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава, го испита и подносителот на пријавата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Спонзорирано