СВЕДОЧЕЊЕ ВО „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“: БУЧКОВСКИ МИ КАЖА ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАН

1342

Професорот на Правниот факултет во Скопје, Дејан Мицковиќ примал сериозни закани затоа што требало да сведочи за голем коруптивен случај во „Македонски телеком“, во кој како обвинети се јавуваат поранешните менаџери на оваа компанија: Атила Сендреи, Ролф Плат, Михалис Кефалијанис и Золтан Кишјанус.

Појавувањето на професорот Мицковиќ во кривичниот суд е поради тоа што тој на судењето од 27. ноември не му било поставено ниту едно прашање од јавниот обвинител, кој во тоа време го застапувал обвинението, а што, според обвинителката Лиле Стефанова, е невообичаено. Сведокот рече дека од американската компанија „Вајт енд Хејз“ бил повикан да сведочи за потпишани договори помеѓу „Македонски телеком“ и кипарската „Чаптекс холдинг лимитед“, односно помеѓу „Камени мост комуникации“ и веќе спомената „Чаптекс“. Мицковиќ рече дека се работи за договори вредни десетици милиони евра, но дека намерата на менаџментот била тој да биде заобиколен, иако во тоа време бил претседател на Бордот на директори на „Македонски телеком“.

„Закани добивав и пред да сведочам пред американската „Вајт енд Хејз“. За заканите го информирав тогашниот Јавен обвинител Љупчо Шврговски. Го информирав и истражителот на американската компанија, а потоа и Марко Зврлевски, кој во тоа време беше надлежен за овој случај. Се сеќавам дека кога зборував со Зврлевски со него имаше уште едно, за мене непознато лице, но мислам дека беше инспектор од Министсрството за внатрешни работи.“ – вели Дејан Мицковиќ.

Федерален судија, по барање на истражителската фирма, донесе одлука да добијам статус на загрозен сведок. Мицковиќ не можеше да каже кој му испраќал закани и кое е лицето кое дошло на Правниот факулетет и од него побарало да не сведочи против унгарските менаџери. Тој потврди дека за случајот, односно за соработка меѓу македонската Влада и „Македонски телеком“ разговарал и со тогашниот премиер Владо Бучковски, но дека од него тоа било оценето како „монтиран политички притисок“.

Случајот на „Маѓар телеком“ доби нова димензија кога во јавноста се појави сведочењето на разузнавачот Слободан Богоевски, кој пред американската Комисија за хартии од вредност, а потоа и пред Апелациониот суд на Њујорк, посведочи за висока корупција и притоа ги наведе имињата на екс-премерот Бучковски, на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговата „десна рака“, Муса Џафери. Всушност, на отворањето на скандалот му претходеше речеси идентичен коруптивен случај кој беше откриен во Црна Гора, а подоцна менаџерите на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, по признание на вина плати 250.000 , Андраш Балог 150.000 , а Тамаш Морваи плати 60.000 американски долари.

(ТВ 24)

Спонзорирано