Обвинителство во потргата по таксистот кој нелегално го снимал пратеникот Павле Богоевски

642

Скопската полиција до Основното јавно обвинителство доставило известување, кон кое е приложен и записник за примена кривична пријава, изготвен од Полициска станица „Центар“, на 15. овој месец, во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело: неовластено прислушување и тонско снимање.
Од Обвинителството, по навика, не соопштуваат битни детали за секој еден случај, но во оваа прилика може да се заклучи дека прислушуваниот е пратеникот Павле Богоевски, кој на неодреден датум, во периодот од март до мај оваа година, додека се превезувал со такси возило од непозната компанија, а во исто време разговарал на својот мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот. Снимениот разговорот, подоцна, бил објавен на каналот „Youtube“ на профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа „vkontakte“.
По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.
Воедно до Министерството за внатрешни работи е доставена наредба за да се направат проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој го извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана.
Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.
По направените проверки, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството.

Спонзорирано