ОБВИНИТЕЛИ И АДВОКАТИ, ПОЛИТИЧАРИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ

1462

На јавноста не и се допадна изборот на функции на некои јавни обвинители. Не ми се допадна ни мене, но кога веќе молчевте додека со Советот на јавни обвинители раководеа Петар Аневски или Коле Штерјов, молчете и сега. Сега претседател е Ацо Колевски

Замислете на што ќе личи оние кои упаднаа во Конгресот на САД да бидат прогласени за „уставобранители“ и претседателот на Републиканската партија да седне и да разговара со претседателот Џозеф Бајден за нив?! Е тоа, таму, нема да се случи!

Љубиша Станковиќ

 

Неретко ми се случува да ми падне жал за правосудниот систем кој беше воспоставен во време кога владеше Никола Груевски. Тое е едно време кога Груевски беше и обвинител и адвокат и судија.
Знам дека ќе има многу кои за оваа моја изјава „дебело“ ќе ме прекорат, ама со сиот ризик кој го преземам на себе ќе кажам само дека сега дојде време со правосудниот систем да си погрува кој сака и колку сака…Дека сега секој прави што сака да прави, секој кажува што сака.
Да е сега „времето на Груевски“ немаше цела една недела да коментираме дали изборот на Советот на јавни обвинители е каков што треба да биде и дали при последниот избор имало оштетени обвинители. Сакам веднаш да кажам дека и мене многу од одлуките не ми се по волја, ама нив ги носи Советот на јавни обвинители. За мене не е суштинско прашање дали Ленче Ристоска заслужува да напредува во хиеархијата на Јавното обвинителство или ќе треба да причека уште некоја година за „да порасне“, туку зошто и на други обвинители им е ускратено истото тоа право?
Ете, јас познавам многу постари и поискусни од Ристоска, кои, како и таа, не стигнаа до Вишото јавно обвнинителство, оти добија по три-четири гласа.
Мислам дека Советот на јавни обвинители не треба да е предмет на критика, ако веќе сте молчеле цела една деценија, во која се носеа многу, многу чудни одлуки.
Кога веќе сте молчеле додека со Советот на јавни обвинители го воделе Петар Аневски или Коле Штерјов, молчете и сега, иако сега претседател е Ацо Колевски. Продолжете со молчење заради континуитет!
Втора битна работа, која се однесува на правосудниот сист

ем, е активноста на претседателот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиновски, инаку, бранител на Орце Камчев.

Човекот кој му доаѓа нешто како „адвокат на спонзорот на партијата“ со серија прес-конфенции (некогаш одржани од нога) „одбраната“ ја започна со поднесување на кривични пријави за судии кои го „чепнале“ неговиот клиент! Ај што потегот е лош и контрапродуктивен, ама тој продолжи со своите активности и за притворот на Камчев им пиша и на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Советот на Европа.

Што сакал да постигне, веројатно знае самиот Менкиновски, но тој си продолжи и натаму, па излезе со тврдење дека Орце бил притворен само врз основа на една информација од Агенцијата за национална безбедност?!

Ај и тоа нека му биде, ама не ќе да е така. Него не го демантира Обвинителството, туку одбраната на Боки 13 кога тврди дека Камчев дал 1,5 милион евра, а сепак, него не го водат како оштетен, во предметот наречен „Рекет“!

Засега едно е сигурно: а тоа е дека Орце броеше илјадници евра и за тоа постои и аудио и видео запис.

Е сега дали парите биле дадени или не треба да се договорат инволвираните, бидејќи во било која варијанта некој ќе мора во затвор!
Не сакам многу да коментирам за средбата што претседателоит на државата ја имаше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски. Не сакам да верувам дека тема биле осудените за 27. април и дека за нив биле потрошени пет минути!

Тоа што јас го мислам е веќе кажано од Обвинителката, Вилма Русковска, но само ќе дополнам дека во време кога Ѓорге Иванов беше претседател, нему не смееше да му падне на ум да размислува за слична работа, а не, пак, да разговара со Зоран Заев, како тогашен лидер на опозицијата. Иванов беше ослободен од „обврската“ да се занимава со правосудството, се разбира освен тогаш кога му беше кажано дека треба да им даде аболиција на Никола Груевски и на неговите најблиски соработници.

Замислете на што ќе личи оние кои упаднаа во Конгресот на САД да бидат прогласени за „уставобранители“ и претседателот на Републиканската партија да седне и да разговара со претседателот Џозеф Бајден, околу нивно ослободување, за повтореување на судска постапка и слично. Е тоа, таму никогаш нема да се случи!
Па сепак, недостасува времето на Геуевски. Тогаш, ај што сите молчеа, туку и не се поставуваа прашања од типот: Колку пари се во игра и кој треба да ги земе? Си се знаеше редот!
И да! Можеби во тоа време немаше толку многу „реформи“ во правосудството и јавни пофалби, ама си го имавме „Сваровски“, а сега и него го изгубивме!

Спонзорирано