Обвинение за жената која го уби сопругот со секира

    357

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 50 година поради извршено кривично дело убиство. Сега обвинетата на први мај оваа година, во својот дом, во селото Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сега починатиот.
    Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата.

    Спонзорирано