Обвинение за учесник во паравојската на ИСИС

1115

До скопскиот кривичен суд, денеска, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставено обвинение за едно лице кое се товари за кривично дело: учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, од член 322-а став 3 од Кривичниот законик.
Како што потврдуваат од Обвинителството, сега обвинетиот И.Т (24), од Скопје, бил еден од групата која беше сузбиена во полициската акција „Ќелија 2″. Отаатму и потасетувањее дека акцијата беше спроведена, на деветти јули 2016 година, на седум локации во Скопје и Тетово и дека беа беа уапсени четири лица – поранешни припадници на ИСИС, а подоцна беше лишено од слобода уште едно лице. За останатите три лица меѓу кои и обвинетиот И.Т. беа распишани национални и меѓународни потерници. „Имено, по претходна радикализација во нашата земја, И.Т. како македонски државјанин спротивно на законот заминал во Сирија, каде бил обучуван и учествувал во воените акции на правоената формација – муџахединска единица наречена „Тахрир Хајат Ал-Шали“ (Tahrir Hayat Al – Shali), која од страна ООН е прогласена за терористичка организација. По завршената обука која траела околу шест месеци бил распореден во единица задолжена за обезбедување на терен во близина на градот Ибдил и извршувал одредени стражарски активности. По постигнатото примирје во 2017 година, обвинетиот во јули 2019 година од Сирија илегално влегол во Турција и одреден временски период престојувал во Анкара и Истанбул. Со оглед дека со него имал патна исправа со истечен рок на важење не можел легално да се врати дома, па стапил во контакт со неговите родители“, велат од Обвинителството и потврдуваат дека тој илегално ја преминал турско – грчката граница и дека во Грција се сретнал со неговите родители, кои му ја донеле патната исправа на неговиот брат со која ја поминал границата и уште истиот ден преку преминот Долно Блаце ја напуштил државата заминувајќи на Косово. Кога се вратил во државава, а врз основа на претходно издадена наредба за издавање на национална и меѓународна потерница, обвинетиот на шести октомври минатата година беше спроведен во КПУ „Скопје“, во Шуто Оризари.
Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, како и меѓународниот карактер на истото, а воедно и фактот дека обвинетиот долго време бил недостапен на органите на прогонот, обвинителството со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судија на претходна постапка.​

Спонзорирано