Обвинение за поседување оружје, муниција и дрога

638

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе oбвинителен акт против 30-годишен скопјанец за сторени  кривични дела  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 став 1  и  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Обвинителството, кај обвинетиот,  при извршен преглед на 9 октомрви во близина на трговскиот центар „Мавровка“,  биле пронајдени 19,47 грама марихуана.  Истиот ден, при претрес во неговиот дом на улица „Волгоградска“, било утврдено дека тој кај себе држел поголемо количество оружје и муниција – еден пиштол марка „P.Beretta 950 B” со калибар 6,35,  еден револвер „ZBROJOVKA MODEL GRAND“ калибар 38Special  и поголемо количество муниција – шест куршуми – муниција со калибар 6,35 наменета за испалување од огнени оружје – полуавтоматски пиштоли, 15 куршуми муниција со калибар 38 Special наменета за испалување од огнено оружје – револвер, како и 322 куршуми – муниција со калибар 7,62Х39 мм наменети за испалување од огнено оружје.

Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд – Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, со образложение дека постои опасност од бегство, од повторување на  кривичното дело или попречување на постапката со влијание врз сведоци.

Спонзорирано