Обвинение за негувателка која малтретирала две деца

    208

    Уште еден случај со негувателка која, наместо да чува, малтретирала деца, наскоро ќе се најде во судница, откако скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за сторено кривично дело: запуштање и малтретирање на дете.
    Според обвинението, во првата половина од минатиот ноември, сега обвинетата била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години, но додека родителите биле на работа таа постојано им викала на децата без причина, ги навредувала и физички ги напаѓала, ги удирала со рака по глава и ги влечела коса. За да се заштитат од негувателката, децата, секогаш кога таа ќе се приближела, ги кревале и ги ставале рацете на глава за да се заштитат.
    Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери кои, по прегледувањето на снимките покажале дека негувателката ги малтретира децата.