Обвинение за убиството во Ново Лисиче

    1007

    По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје до кривичниот суд е поднесено обвинение за едно лице за кривично дело: убиство на миг, од член 125 од Кривичниот законик.
    Според наводите на обвинението, на 14. август минатата година, на булеварот „Видое Смилевски -Бато“, во населбата Ново Лисиче, обвинетиот 18-годишник, доведен во состојба на силна раздразнетост, со умисла го лишил од живот Никола Христовски. Имено, група од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот започнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од девет сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок.

    Спонзорирано