Обвинение за Нефи Усеини за насилство

1111

Нефи Усеини и за неговиот брат Ибро Усеини од денеска и формално се обвинети за сторено кривично дело насилство, според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението за браќата доаѓа само еден ден по одлуката на битолска Апелеција со која беше прифатено барањето на охриското обвинителство тие да останат зад решетки, односно одуката со која се отфрла решението на охридскиот суд тие да бидат пуштени од притвор, кој, пак, по нивното бегство, им беше активиран на 26. минатиот месец.

„Обвинетите на 18, август 2020 година, околу 11.30 часот, по претходен договор извршиле грубо насилство врз едно лице при што во јавноста, кај присутни гости и вработени во хотелот ‘Јуник’, во Охрид, предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш започнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет. Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот.

При тоа, на еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.

По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот“, се вели во соопштението на Обвнителството кое потсетува дека до судот поднеле и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

Инаку, кога е овој случај во прашање, не треба се исклучи и кривичен прогон и за оштетениот кој најпво пред медиумите раскажа што точно се случувало пред хотелот, а после само неколку дена негираше дека бил удиран со пиштол, дека истиот пиштол бил насочуван кон неговиот син, односно дека не е сигурен дека напаѓачите воопшто имале пиштол, иако полицијата го потврди токму спротивното, откако ги прегледа снимките од безбедносните камери.

Спонзорирано