Обвинение за лице кое му се заканувало на премиерот преку „Фејсбук“

710

Скопското Основното обвинителство изготвило обвинителен предлог за едно лице, кое се товари дека сторило продолжено кривично дело: загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Сега обвинетиот, меѓу 23. и 24. јули минатата година, во повеќе наврати, извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Имено, тој се товари дека преку информатички систем, на својот профил, на социјалната мрежа „Фејсбук“, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите коишто тој ги изрекол биле упатени кон претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Тој во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот со што ја загрозил неговата сигурност.

Спонзорирано