Четири мерки на претпазливост за лицето кое лажно пријави бомба во „Сити мол“

2142

Лицето кое пред два дена лошо се пошегува со својот претпоставен и заради кое беше испразнет „Скопје сити мол“, а за кое е отврена истрага за сторило кривично дело: лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик, до судењето ќе има четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
„Против осомничениот е поведена постапка поради основано сомнение дека на 29. јануари, во трговскиот центар ‘Сити мол’, каде бил вработен, пријавил дека е извршено кривично дело: предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено“, велат од обвинитрлствто и појаснуваат дека осомничениот е на возраст од 19 години и дека бил вработен преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Тој, од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар.
Екипа од Одделот за антитероризам во МВР, по извршени детални проверки, утврдила дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односнмо дека се работи за лажно пријавување.

Спонзорирано