Обвинение за двајца скопјани за разбојништво

461

Двајца скопјани, чиј идентитет обвинителството не го соопштува, се обвинети дека сториле кривично дело разбојништво.
Станува збор за настан кој се случи на 27. ноември минатата година, на улицата „Васил Главинов“, кога сега обвинетите ограбија финансиско друштво. Имено, според обвимението, еден од обвинетите, за кого се соопштува дека е на возраст од 31 година, „стражарел“ пред вратата на објектот а другиот, 63-годишник, влегол внатре и на вработените им се заканил со пластичен пиштол, а тие, од сефот и фиоките на финансиското друштво извадиле и му дале 303.606 денари. По извршеното разбојништво обвинетите се дале во бегство, во правец на Камениот мост, но тие биле пресретнати од полициски работници кои ги лишиле од слобода.

Спонзорирано