Обвинение за дивоградбата кај ДТЦ „Мавровка“

728

Едно лице за кое долго време му се утврдуваше идентитетот, скопското ообвинителство поднесе обвинителен акт со кој го товари за кривично дело бесправно градење.
Сега обвинетиот М.А., во јуни и јули минатата година, во својство на инвеститор, изградил објект со површина од 330 метри квадратни на платото пред деловно-трговскиот центар „Мавровка“, иако немал одобрение за градба.
„На обвинетиот, претходно му беа определени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште, времено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки спрема обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката“, се вели во соопштението лиферувано од Обвинителството.
Инаку, се работи за градба која израсна над кафулето „Фонтана“, во ДТЦ „Мавровка“, но случајот ќе остане запаметен по тоа што долго време, никој од надлежните не можеше да утврди кое лицето коешто гради, иако од истото се бараше да прекинње со дивоградбата и самиот да си го урне објектот, а што не се случи. ​​

Спонзорирано