ЕКСКЛУЗИВНО: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КИРО ЗДРАВЕВ, ГОРДАНА СПИРЕСКА И ВЕСНА ДАМЕВА

3558

Поранешната претседателка на скопска „единица“ и на Врходниот суд, Лидија Неделкова, поднесе кривична пријава за тројца членови на Судскиот совет кои ги обвинув за сторена злоупотреба на службената положба и овластување

 

Во скопското Јавно обвинителство, во текот на вчерашниот ден, е поднесена кривична пријава која се однесува на актуелниот претсдател на Судскиот совет, Киро Здравев, и членовите на тоа тело, судијките Гордана Спиреска и Весна Дамева.
Како подносител на пријавата се јавува поранешната претседателка на скопскиот кривичен и на Врховниот суд, судијката Лидија Неделкова, кој можеби само формално ги обвинува споменатите дека сториле злоупотреба на своите службени овластувања, но дека реално, ја искористиле нивната службена позиција за издејствуваат постапка за нејзино евентуално разрешување.
Имено, Неделкова, која на пошироката домашна јавност и стана позната по судирот со некогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Ванглеловски, односно по нејзината иницијатива за негово повикување на одговорност во работата, сега е во ситуација да мора да се брани од Судскиот совет и тоа токму по поднесениот предлог за поведување постапка, кој, пак, против неа, уште на први април 2019 година, го достави Вангеловски.
Овој случај можеби и немаше да дојде до кривично пријавување, доколку се останеше на заклучоците кои беа донесени кон крајот на минатиот август, кога беше донесена предлог-одлука за запирање на постапката против судијката Лидија Неделкова.
Но, проблем ќе настане кога на седница на Судскиот совет, одржана минатиот октомври, предлогот не бил прифатен, а без потребен број на гласови од членовите на Судскиот совет, тој ќе биде вратен на доработка.

Несомнено дека сомнеж за евентуални злоупотреби судијката Неделкова наоѓа не само во бројот на гласови при одлучување, туку и во одредени персонални промени, во составот на членовите на Судскиот совет. Неделкова посочува дека судијката

Гордана Спиреска не смеела да биде избрана за член на комисијата, бидејќи таа претходно, на седница на која се расправало по првиот предлог веќе изразила јасен став по прашање на постапката. Сепак, најголемите сомнежи кои ги пројавува Неделкова се во евентуалната пристрасност со кој се води во овој случај, како и лични и политички причини.
„Пријавените имаат лични и политички причини за да и нанесат штета на оштетената со тоа што таа на сите пријавени им била надредена и тоа на пријавениот Здравев, како претседател нс Врховниот суд на РСМ, со кого беа противкандидати при изборот на член на Судски совет од редовите на судиите на Врховен суд, а на другите две пријавени им била претседател во Основен суд Скопје 1 – Скопје“, се вели во дел од кривичната пријава и се посочува дека судијката Гордана Спиреска против неа, уште во 2008 година, до Судскиот совет, поднесувала негативни изавештаи за работењето на Неделкова како судија, а Дамева ја обвинувала за неуспех при избор за судија.
И покрај сето наведено, комисијата, на 19. овој месец, до Судскиот совет ќе достави предлог – одлука за разрешување на Лидија Неделкова од судиската функцијата, но токму поради избрзаните одлуки таа со кривичната пријава ќе побара Обвинителството да ги распраша пријавените, да ги изведе и другите докази и дури потоа да донесе јавно-обвинителска одлука.
Како разврска ќе има овој случај, засега е тешко да се претпостави, но станува повеќе од извесно дека ќе помине доста време додека не се дојде до некакво решение.

(Љ.Станковиќ)

Спонзорирано