ОБВИНЕНИЕ И НОВА ИСТРАГА ЗА МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ

1435

Освен денеска поднесеното обвинение, Јавното обвинителство за сопственикот на „ДоказМ“ најавува оформување на уште еден кривичен предмет

Скопското Јавно обвинителство, откако ја заврши и комплетира истрагата против Марјан Стаменковски, сопственик н порталот „ДоказМ“, денеска поднесе обвинителен предлог со кое го товари дека сторил сторил повеќе кривични дела, односно две кривични дела: ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.
Овој кривично – правен предметот, како што потврдуваат од обвинителствто бил оформен по поднесени кривични пријави против Стаменковски од повеќе лица, а по објавени содржини на порталот „ДоказМ“.
Како што веќе пишувавме сега обвинетиот Марјан Стаменковски делата ги сторил во текот на минатата година, како и во јанувари и на почетокот на овој месец, па така тој од 10. јануари до втори феврари, оваа година, а со намера да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Тој го контактирал оштетениот, а потоа и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот наштетил на угледот и честа на оштетениот.
Во февруари минатата година Стаменковски, без одобрение на овластениот дистрибутер, на својот веб портал емитувал заштитено аудиовизуелно дело, а преку истиот портал биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се ширела омраза и нетрпеливост кон двајца свештеници на МПЦ-ОА Тој ги обвинил свештениците дека, наводно, биле поврзани со домашни и странски тајни служби. Пријава против сопственикот на „ДоказМ“ поднеле и две новинарки поради објави со навредлива содржина и со нивни фотографии, а се’ со цел тие да бидат заплашени и да престанат со објавување на текстови во неделникот во којшто работат. Инаку, тој го злоупотребил и позннството со една истражителка од скопското Основно обвинителство заради свои потреби, односно да има увид во предметот кој се водел против него, но и за да обезбеди лични податоци на дури четворица истражители.
„Со оглед на тоа што се уште постојат основите заради кои претходно беше определен притворот, особено имајќи го предвид начинот на извршување на делата и потребата да се заштитат жртвите, кои во подолг временски период биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку интернет порталот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка“, се вели во соопштењнието на Јавното обвинителство и се потврдува дека во домот на Стаменковски бил извршен и дека кај него бил пронајдена документација, електронски уреди и поголема сума парични средства за кои се верува дека потекнуваат од други кривични дела.
„За ова е оформен уште еден предмет во Основното јавно обвинителство Скопје по кој интензивно се постапува, а вештачењата на пронајдените предмети и документи се во тек. Во рамките на тој предмет се вршат проверки и по кривични пријави поднесени од други лица, кои во меѓувреме пријавуваат во обвинителството дека биле жртви на истиот веб портал“, велат од Обвинителството.​

Спонзорирано