Некој од „Инфомакс“ ќе одговара за оддавање службена тајна

2151

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за едно лице за сторено кривично дело: Оддавање службена тајна, од член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Сега обвинетиот, инаку вработен во порталот „Инфомакс“, на 23. мимнатиот месец, токму преку на јавноста им и презенторал податоци коишто претставуваат службена тајна. Обвинетиот ја објавил првата страница од записникот за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка. Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, јавно обелодени дека поседува искази на осомничени и сведоци во неколку предистраги и истраги. Тој за материјалите што ги поседува кажа дека му биле доставени од лица „свиркачи“, иако му беше кажано дека изнесување на таков вид матееијали и во таа фаза на постапката е кривично дело.
Инаку, членот 360 од Кривичниот законик исклучиво предвидува затворска казна. Членот 360 став 1 гласи: Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

Спонзорирано