Катица Јанева бара докази на увид, одбрана ќе даде во четврток

    1367

    Нешто помалку од еден час траеше престојот на Катица Јанева во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, каде таа требсше да даде исказ за случајот наречен „Рекет“.
    Поранешната шефица на сега веќе непостоечкото Специјално јавно обвинителтво, според кажувањата на нејзината бранителка, адвокатката Ирена Фрчкоска, Јанева не дала одбрана, бидејќи бил побран увид во доказите и токму поради ова исказ од Јанева може да се очекува веќе во четврток.
    „Во текот на денешниот ден беше извршен спровод на Катица Јанева каде таа беше повикана да даде исказ за случајот ‘Рекет’. Таа ќе го искористи правото да ги види доказите, па потоа ќе даде исказ во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Првоосомничениот е утре, а нас ќе ни биде дозволено да вршиме увид во четврток. Бевме известени дека утре ќе ни биде врачено известување за завршување на истражната постапка. Сметаме дека обвинителот е должен прво да ја сослуша Јанева, па потоа да ја затвори истрагата”, изјави адвокатката Фрчкоска по завршувањето на денешниот распит.
    Одбраната на Јанева се уште се надева дека судот ќе го прифати нивното барање за укинување на мерката притвор, односно за замена со поблага мерка, а за што беа приложени одредени гаранции.
    Инаку, од денеска и официјално, во одбрана на Јанева е вклучен и адвокатот Дељо Кадиев.

    Спонзорирано