На распит за „Рекет“ стигна и бизнисменот Амзоски

844

Сопственикот на фирмата „Дрим Билдинг“, бизнисменот Ардијан Амзоски, утринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“.

Како што е познато, тој на Меѓународниот сојуз на Боки 13 му исплатил 261.853 евра. Од компанијата неодамна преку соопштение појаснија дека склучиле договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на 28 декември 2017 година.

– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна  Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, „Дрим билдинг“ поднесе тужба пред Основниот суд – Скопје – стои во соопштението.

Во истрагата за „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Вчера на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција беа водителката Лила Филиповска и бизнисменот и поранешен градоначалник на Битола Силјан Мицевски. На распит за оваа афера беа повикани и обвинители од СЈО.

Спонзорирано