МЕРИ ДИКА-ГЕОРГИЕВСКА Е НОВАТА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА

725

Судијката Мери Дика-Георгиевска е новиот вршител на должноста претседател на Скопскиот апелационен суд, откако досегашната претседатеката Лидија Дамчевска замина во пензија.
На позицијата в.д. претседателката Мери Дика-Георгиевска доаѓа од редот на судиите во споменатиот скопски суд, а зад себе има безмаку две децениско искуство како судија.
Во биографијата на Дика-Георгиевска е запишано дека Правниот факулетет го завршила во 1986 година и дека десет години работела како адвокат кога, во 1996 година била избрана за судијка во Основниот суд Скопје 2 – Скопје каде работи на стопанска материја. Во 2005. година таа беше избрана за судија на Апеациниот суд, а од 2012 до 2018 година е член на Судскиот совет. По завршувањето на мандатот Мери Дика-Георгиевска повторно се враќа во скопска Апелација.
Според приложениот анкетен лист на Мери Дика -Геогиевска поседува три стана, автомобил марка „мерцедес“, дека има приходи од кирија и заштеда од безмалку 18.000 евра.

Спонзорирано