Мајка и ќерка обвинети за непочитување на мерките за заштита од заразни болести

    2459

    Струмичкото обвинителство поднесе обвинителен предлог за мајка и ќерка поради основано сомнение дека сториле кривично дело: непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, согласно член 206 став 1 а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
    Сега обвинетите, инаку на возраст од 56 и 35 години, на 27 и 28 минатиот месец, во повеќе наврати, за време на епидемија предизвикана од коронавирус, не постапиле според посебните мерки за заштита на населението, како и според решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кои обвинетите се ставаат под здравствен надзор. Ним мерките им биле определени, бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија. Тие, споменатите денови, го напуштале станот во кои се спроведувале мерките за изолација, а во ењдна прилика, токму пред станбениот објект, тие биле пресретнати од полициски службеници кои ги предупредиле да се вратат назад и да ги почитуваат мерките. Наместо да ги послушаат наредбите мајката и жерката се впуштиле во вербална расправија со службените лица.

    Спонзорирано