„Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ влегува во судница

888

Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките. Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување ќе биде закажан и термин за главна расправа, соопштија од судот.

-Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките. По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките – се наведува во сооштението од Кривичниот суд.

Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет, кој  согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, ќе биде закажан термин за главна расправа.

Во случајот „Талир 2“ се обвинети поранешните премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ и генерален секретар на владата и на партијта Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на законите за политички партии, за финансирање на политички партии и за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.