Кичеец на распит – пред утрешното сослушување на Jанева

588

Второосомничениот во случајот „Рекет” Зоран Милески – Кичеец денеска бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Тој утрово бил пренесен во обвинителството од затворот во Шутка, каде што е во притвор. Првоосомничениот за „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 сѐ уште не е повикан на распит.

Утре на распит кај обвинителката Вилма Рускоска треба да се појави шефицата на СЈО Катица Јанева, шефицата на СЈО, за која има индиции дека е поврзана со случајот. Претходно, исказ дадоа обвинителите од СЈО Бурим Рустеми и Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, во кој првоосомничен е бизнисменот Орце Камчев. На распит, според информациите, била и шефицата на кабинетот на Јанева.

Денеска во обвинителството денеска исказ давала и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот Сојуз на Боки13. На нејзина сметка леглале 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз и компанијата на Сиљан Мицковски ГП „Пелистер“. Тодоровска тврдеше дека парите ѝ биле веднаш подигнати од сметката од раководни лица на НВО Меѓународен сојуз.

 

Спонзорирано