Јанева не ги дава Фетаи и Бубевски

1164

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го одби барањето за изземање на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, од предметот „Титаник 3“.

Судечкиот совет за барањето за иземање на Јанева цени дека не може да претставува пречка за процесот, поради самостојноста на СЈО утврдено со посебен закон, како и одредбата од ЗКП за изземање на јавни обвинители.

По барањето на адвокатот на одбраната Еленко Миланов за изземање, претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните, согласно законот за иземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката Фетаи, за нив, надлежен за изземање е нивната шефица Јанева.

Претходно, адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи со ставот дека тоа е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.