Дали шефицата на Основното јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција, вилма Русковска, ја злоупотребува својата фунција со заташкување на предметот „Империја“?
Дали некој од судот го предупредил Орце Камчев дека е ставен под таканаречени посебни истражни мерки и дали кога СЈО и полицијата упаднале во неговиот и во домот на тие веќе биле подготвени на такво нешто, доказите исчезнати, а телефоните променети?
Ова се само дел од прашањата и дилемите кои ги отвори сега веќе поранешната „специјална јавна обвинителка“, Катица Јанева, која како второобвинета о преедметот наречен „Рекет“ ја дава својата одбрана. Иако и самата обвинета Јанева, потсетува дека во 170 предмети на СЈО „лежат“ повеќе од 90 милиони евра замрзнат имот, но дека сега се е во рацете на редовното, односно на Обвинителствтото за гонење организиран криминал и корупција, но и тоа дека таа е прва и последна обвинителка која осомничила и обвинила високи државни функционери.
„ ‘Империја’ беше готов! Каде е? Го чекам! Досега требаше да биде сработен!, обвини Јанева зборувајќи притоа за можеби најголмиот криминално – корупциски скандал во државава, притоа нагласувајќи дека таа би била среќна кога овој и ваквите слични предмети ќе бидат сработени.
Катица Јанева ја пофали професионалноста на нејзината колешка Лиле Стефанова која, пак, и го водеше сличајот „Империја“, а чијашто предистрага се поврзува со разговор помеѓу синот на Цветан, Дејан Панделевски и Миле Јанакиски и договорот за купување на земјиштето зад “Рамстор“, во центарот на Скопје. Јанева посведочи дека и покрај уништувањето на доказите од Орце Камчев, сепак, тие го обезбедиле она што ним им требало во работата, со објаснување дека доказите биле пронајдени во „Орка холдинг“, а дека самиот Камчев и кажал дека тој му ги дал мобилните телефони на Зоран Милески да ги уништи. Екс-шефицата на сега веќе непосточекото СЈО потсети дека Орце Камчев, во еден ден ги купи „Стопанска банка Битола“, ИК „Пелагонија“ и млекарницата „Здравје“ од Радово.
Јанева негира дека таа барања мерки кои не биле во склад со она за што најчесто се изрекува притвор, но според нејзе мерките ги изрекувале судовите. Таа негира дека примила пари или дека предметниот намештај и бил подарок, а кажа дека со обвинетиот Бојан Јовановски алиас Боки 13 водела разговори за љубовта и модата. Нејзината одбрана побара, а судот дозволи исклучување на јавноста, бидејќи Јанева требало да изнесе информации кои се доверливи, а самата Јанева со тврдеење дека случајот “Рекет“ е монтиран за да се уништи Специјалното јавно обвинителствто.
Катица Јанева, во својата одбрана, го отвори прашањето за „Империја“ и другите предмети на СЈО
Спонзорирано