„Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот ‘Рекет’. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот ‘Рекет’. Како Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно. Сум разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, поточно, за подобрување на нашите позиции како јавни обвинители, но во никој случај и во ниеден момент не сум тргувала со никакво влијание, не сум ја злоупотребила својата функција и не сум постапувала спротивно на законот!“.
Со овие зборови спцијалната јавна обвинителка Катица Јанева, преку посмено соопштение и се обраќа на јавноста, а по денешната објава на видео метеријал на кој може да се слушне, односно препознае и нејзиниот глас. Имено, како што е веќе познато, во телефонскиот разговор помеѓу Боки 13 и Орце Камчев, на момент се слуша и Јанева која го охрабрува осомничениот Камчев дека не треба да се грижи за ништо, бидејќи се ќе се средело.
„Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина“, вели Јанева и истовремено потврдува дека имала контакти со Орце Камчев, првоосомничен во предметот наречен „Империја“ и кој, главно, се однесува на неговите фирми.
Јанева ги повикува истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, односно да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, а се во насока на комплетно расчистување на овој случај и „обелување“ на нејзиното име.
„Откако ќе бидат презентирани десетината истраги подготвени за брзо процесирање, од страна на СЈО многу нешта ќе бидат појасни за јавноста. Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите, па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети кои се водат во обвинителството. Се надевам дека тоа нема да се случи“, вели Јанева и притоа изразува надеж дека пратениците во Собранието ќе го изгласаат новиот Закон за Јавно обвинителство.
Јанева го најави и извештајот којшто за работата на СЈО, со акцент на досега сработените истраги и предистраги. Таа изразува надеж дека ќе продолжи работата на овие предмети со што ќе продолжи и борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото.
Катица Јанева вели дека разговарала со осомничени, но дека не „тргувала“ со никакво влијание!
Спонзорирано