АФЕРА „РЕКЕТ“: КОЈ ГИ ЗЕ’Е ПАРИТЕ?

4463

Видовме снимка и ги видовме и Орце Камчев и Боки 13 и Зоки Кичеец, видовме и купишта пари, но не знаеме каде заврши милионот евра, спакуван во две патни, брендирани торби

Љубиша Станковиќ

 

Ете, се случи и тоа: Го видовме големиот медиумски маг, кој освен што се одзива на името Бојан Јовановски препознатлив е и под прекарот Боки 13 ( а од пред еден ден и како Боки Тредичи), како од домот на Јордан (Орце) Камчев си заминува со полни раце со работа“. Всушност Боки 13 си заминува со полни торби (Луј Витон“ или Гучи“) со пари!

Се мачи Боки со торбите, а се мачи и Зоран Кичеец, но кога е невиноста на Камчев во прашање, вреди и малку да се помачат. Се за вистината и правдата, како што се инсистираше во телевизијата на Боки!

Значи видовме како, на 20. февруари оваа година, Боки 13 му држи на Орце Камчев лекции од кривично право, му дава одредени насоки и правни поуки, а потоа си заминува со торбите полни со пари!

Да сум на местото на Орце најпрво би ја отпуштил од работа сопствената сопруга, бидејќи бадијала е жената правник кога работата е стигната до таму Боки да дели право и ум! По ова, (секако, за добар хонорар-з.а.) би му дал отказ на цело СЈО, се разбира само не и на Катица Јанева, оти таа, нели, треба да ги потпише одлуките кои се носат.

Некој ќе праша: А што сака народот? Народот – како народ и натаму ќе бара некои, посредно или непосредно, инволвирани во случајот Рекет“ да бидат приведени и притворени. Него, мислам на народот, го интересира кој се земал од парите, ама никој да праша: Каде се парите?!

Она што засега е познато, а се однесува на аферата Рекет“, е дека само за враќање на патна исправа биле исплатени 1,5 милиони евра и дека за запирање на кривичниот прогон на Камчев требало да се доплати уште 6,5 милиони евра.

Милионот го видовме, спакуван и во рацете на Боки 13 и на Зоран Милевски, но каде завршиле тие пари? Каде се преостанатите 500.000 евра?

Под претпоставка дека една третина од парите му биле исплатени на оној кој не вложувал жалби по поднесените барања на Камчев“, односно оној којшто се јавува како гарант на целата операција, тогаш за делење останува уште предметниот милион. Со оглед на тоа што Боки 13 не изгради ниту еден геријатриски дом, ниту им даде пари на луѓето од неговиот Меѓународен сојуз“, тогаш треба да претпоставиме дека дел од парите завршиле во телевизијата на Боки Тредичи“.

Мислам дека истражните органи треба добро да го простудираат компјутерот на Боки 13 бидејќи постојат реални сомневања дека во него педатно се заведени сите исплати на рака“, на сите оние кои до вчера му јадеа сол од рака“, а од денот на отворањето на скандалот како да исчезнаа. Во кулоарите се шпекулира дека реално исплатените плати биле во висина од 300 евра, но дека се исплатувале суми кои се десеткратно поголеми?

Што во случај да се потврди дека на рака“ биле земани стотици или илјадници евра? Некој ќе ги бара назад тие пари? Ќе се бара одговорност од оние коишто ги земале?

Сосема логично додека трае кривичната истрага да се молчи за овој мега-скандал, но не е нормално да молчат и новинарите кои самите се прогласија за новинари-истражувачи. Да не се заминати на годишен одмор или немаат намера да се замерат со колегите?

Нешто не се огласува ни Здружението на новинари на Македонија? Ниту брани, ниту напаѓа…А се огласувал ЗНМ и за помали и понебитни работи!

Сега ни е потребен е одговор на прашањето: „Кој ги зе’е парите!“

Спонзорирано