Катица Јанева останува во притвор

1503

Скопскиот Апелационен суд донел решение со кое Катица Јанева и натаму останува во Истражниот затвор „Скопје“. Повисокиот суд, иако бил известен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека истрагата за случајот „Рекет“ е завршена, сепак остана на мислење дека постои опасност од бегство на сега осомничената Јанева.
Како што е познато Апелација одлучуваше откако до судот беше поднесена жалба по одлуката на скопска „единица“ да биде одбиена понудената гаранција, за Јанева, во движен и недвижен имот. Имено, одбарана на сега веќе разрешената обвинителка беше убедена дека судот ќе ги прифати понудените гаранции и на нивната штитеничка ќе биде изречена поблага мерка, односно куќен притвор.

Поранешната шефица на сега веќе непостоечкото Специјално јавно обвинителство, како третоосомничена во случајот наречен „Рекет“, во притвор е од 21. август, откако на 15. јули зад решетки се најдоа Бојан Јовановски викан Боки 13 и Зоран Милески викан Зоки Кичеец, а за кого судот, пред само неколку дена донесе решение со кое му се укинува мерката притвор, односно му се заменува со куќен притвор. Кативца Јанева се товари за злоупотреба на службена положба и овластвање, а другите двајца за земени 1,5 милиони евра од осомничениот Орце Камчев, откако му дале ветување дека со помош на Јанева ќе му се укине притворот, а за дополнителен милионски износ ќе се запре и кривичниот прогон.

Спонзорирано