Осумдневен притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

    443

    Краткотраен притвор, во траење од осум дена, му е изречен на лицето кое во неделата, во кумановското село Слупчане, нападна полициски работник. Имено, за 32-годишен жител на Слупчане, кумановското јавно обвинителство поведува постапка во која тој се товари за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот Законик.
    Сега осомничениот, според обвинителството, со опасно орудие нападнал полицаец и притоа го повредил. Полицаецот бил дел од мото-патрола која требало да го пронајде и да го приведе сега осомничениот во полициска станица, но кога тој бил забележан сега осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална прачка нанесувајќи му повреда во пределот на стомакот.

    Спонзорирано